Обвинение против две лица кои фалсификувале и употребиле лажни исправи за регистрација на полициски синдикат

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица за фалсификување исправа. Првообвинетиот, 42-годишен велешанец измамил две лица да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш се уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија. Ваквите исправи, со помош на вториот обвинет 46-годишник од Битола, првообвинетиот ги искористил за упис и регистрација на синдикалната организација.

-По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои првото е обвинето за кривично дело – Посебни случаи на фалсификување исправа од член 379 став 1 точка 2, како и за кривично дело – Употреба на исправа со невистинита содржина согласно член 280 став 1 од Кривичниот законик, додека вториот обвинет се товари дека му помогнал да ја употреби исправата со невистинита содржина, соопштија од ОЈО Велес.

Кон барањето за регистрација на синдикатот биле приложени записници од наводно одржано основачко собрание на Синдикат на полиција во Македонија со список на присутни, иако такво основачко собрание воопшто не било одржано.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот