Фото: Profimedia

Обри Плаза се огласи по смртта на сопругот: „Ова е незамислива трагедија!“

Американската актерка Обри Плаза за првпат се огласи по трагичната смрт на нејзиниот сопруг, сценаристот и режисер Џеф Баена.

„Ова е незамислива трагедија. Искрено сме благодарни на сите што ни пружија поддршка. Ве молиме за почитување на нашата приватност во овој тежок период“, изјави Плаза, заедно со семејството на Баена, во соопштение за „Пејџ сикс“ во понеделникот.

Според информациите, Баена бил пронајден од неговиот асистент во неговиот дом во Лос Анџелес во петокот наутро. Полицијата била повикана околу 10.30 часот по локално време и го прогласила за починат на местото на настанот.

Полициски извори открија дека режисерот си го одзел животот и дека станува збор за самоубиство.

Џеф Баена и Обри Плаза / Фото: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Плаза и Баена биле заедно повеќе од десет години пред тајно да се венчаат во 2020 година. Подоцна, во интервју со Елен Деџенерис, Плаза изјави дека одлуката за венчавање ја донеле за време на карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

Џеф Баена беше познат по својата работа на филмови како „I Heart Huckabees“, „Life After Beth“, „Horse Girl“, „Spin Me Round“ и други. Тој и Плаза соработуваа на неколку проекти, меѓу кои „Life After Beth“ и „The Little Hours“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот