Царовска: Децата од ОУ „Гоце Делчев“ се единствени во изолација во целата држава

Министерката за образование и наука Мила Царовска потврди дека наставничка на деца од прво до трето одделение во ОУ „Гоце Делчев” во Скопје е позитивна на ковид-19 и од вчера е во изолација, како и учениците на кои им предава.

– Сите заедно се во изолација од вчера за да може да се спроведат сите безбедносни мерки за инфекцијата да не се пренесе во училиштето. Наставата кај овие 17 деца се одвива онлајн преку наставничката бидејќи таа се чувствува добро. Ова е единствен случај во целата држава каде што имаме деца во изолација. Имаме други пет наставници кои биле позитивни, но спроведувале настава онлајн и не биле во контакт со свои колеги или со деца, рече Царовска.

На прашање дали по појавата на овој случај е оправдана мерката за најмалите задолжително да одат на настава со заштитни маски, Царовска одговори дека носењето маски е по препорака на Комисијата за заразни болести.

Во врска со протестите на средношколци во Кичево кои бараат настава со физичко присуство, министерката рече дека МОН е во партнерски однос со Сојузот на средношколци и дека е договорено одлуките да се менуваат доколку се подобри епидемиолошката состојба, а ако не, тогаш да се почитуваат одлуките на Комисијата за заразни болести.

Ги повика и средношколците и нивните родители да се однесуваат конструктивно и да размислат дека новиот начин на учење е за доброто за здравјето на целото население, особено за општините каде што живеат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот