Објавени резултатите од обдукцијата: Матеј Периш користел дрога и алкохол пред исчезнувањето

Фото Колаж на СП/ Фото OLIVER BUNIĆ / RAS SRBIJA

Вишото јавно обвинителство во Белград утврди дека нема основи на сомнение дека смртта на Матеј Периш (27) е последица на кривично дело, имајќи ги предвид сите околности од неговото исчезнување во ноќта помеѓу 30 и 31 декември минатата година, па сè до пронаоѓањето на неговото тело на 18 мај во реката Дунав, во близина на Ада Хуја, објави српскиот медиум „Нова“.

Околностите што му претходеле на исчезнувањето на Матеј Периш, изјавите на лицата кои биле во негово друштво пред исчезнувањето и извршените проверки и обдукцискиот наод, не укажуваат дека неговата смрт е поврзана со некаков вид насилство.

Во обдукцијата што ја изврши Институтот за судска медицина, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, е констатирано дека на телото на Периш нема повреди на коските на главата, вратот, трупот или екстремитетите.

Истовремено, резултатите од токсиколошките анализи покажале присуство на амфетамини во крвта и органите, со присуство на етил алкохол. Исто така, во примерокот од косата биле идентификувани и траги од кокаин.

Комисиското вештачење го извршиле тројца вештаци, специјалисти по судска медицина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот