Објавена е книгата „Естетика на стрипот“ од Бошко Караџов

Книгата „Естетика на стрипот“ од д-р Бошко Караџов е збирка на огледи од областа на филозофијата и стрип-уметноста. Истата е поделена во три целини.

Во првиот дел со наслов „Онтологија на деветтата уметност“ се говори за одделната естетичка природа на графичкиот роман и за обрасците на создавањето дигитални (с)ликовни раскази во рамките на концептот за бесконечното платно.

Во вториот дел со наслов „Историја на стрипот“ е претставена повеста на (с)ликовното приповедање од праисториските почетоци во пештерското сликарство, преку средновековните графички раскази, сѐ до воспоставувањето на модерниот стрип-формат во XIX век.

Во завршното поглавје, со наслов „Идеологија и стрип-кулура“ се говори за анти-стриповската книга „Seduction of the Innocent“, за појавата на андерграунд стрип-сцената, како и за македонските стрипови од едицијата „Никогаш роб“.

Бошко Караџов е филозоф, теоретичар на културата, професор и научен истражувач во полето на графичката литература и интермедијалните уметности.

Автор е на книгите: „Парадоксите на индуктивната логика“ (2020), „Compendium philosophiae“ (2021) и „Логичка анализа на научното познание“ (2021). „Естетика на стрипот“ (2022) е негова четврта книга. Истата, со поддршка на Министерството за култура, е издание на издавачката куќа „Стрип-квадрат“ и наскоро ќе биде достапна низ книжарниците во Скопје и во Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот