Обдукциските наоди за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски стигнаа во Обвинителството
Обдукциските наоди од извршените обдукции за 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски денеска пристигнаа во Јавното Обвинителство Скопје. Засега Обвинителството нема да објавува детали од обдукциските извештаи.
Препорачано
Малолетната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а Панче Жежовски беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица. Првоосомничен е Љупчо Палевски Палчо, кој чека екстрадиција од Турција. Четирите други лица меѓу кои и таткото на Вања, се во притвор.
Во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења се обезбедени материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител беа поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден околу 10 часот.


