Нутриционистите советуваат: Со кој пијалак треба да го започнеме денот?

Без разлика дали станува збор за топла вода со лимон, чај или кафе, експертите објаснуваат како секој од тие пијалаци влијаат на организмот кога ги пиете наутро штом ќе се разбудите.

Повеќето експерти советуваат да се пие вода наутро, дури и ако не сте жедни, пишува „Хаф Пост“. Водата му е најпотребна на вашето тело за да се рехидрира по ноќниот сон.

Можеби нема да бидете жедни кога ќе се разбудите, но пиењето вода веднаш по будењето е здрава навика која ќе се погрижи да бидеме соодветно хидрирани во текот на целиот ден“, вели нутриционистката Вики Шанта Ретели.

Но, не мора да биде вода од чешма, можете да пиете нешто што ви се допаѓа.

– Сакам да пијам минерална вода во лименка пред да пијам кафе, а една лименка е добра мерка за количината на вода што треба да ја пијам наутро – вели диететичарката Барбара Рус и советува да земате минерална вода без додаток на натриум.

Избегнувајте помодарство

Иако поборниците на кето диетата пијат т.н. „кафе отпорно на куршуми“ (кафе со додаден путер или кокосово масло), нутриционистите не се импресионирани од овој тренд.

– Ако сакате да ставите путер или кокосово масло во кафето, тоа е ваш избор. Лично, јас не сум обожавател и како диететичар можам да ви кажам дека дефинитивно не е „здрав“ избор – рече Рус. Покрај тоа, ниту една студија не докажала дека ова е начин за полесно слабеење или скротување на апетитот.

Нутриционистката Аманда Франкени пак тврди дека ниту „пијалаците за детоксикација“ не се најдобриот избор.

– Не верувајте во ниту еден пијалак за кој се тврди дека ве детоксицира. Нашите главни органи се робусни системи за детоксикација и нашето тело самостојно си прави детоксикација- вели таа.

Енергетските пијалаци, исто така не се добар избор.

– Многу енергетски пијалаци содржат многу кофеин во нив, па затоа, ако пиете еден наутро, треба да бидете исклучително внимателни во однос на внесувањето кофеин во текот на остатокот од денот – изјави нутриционистката Ејми Горин.

И додека соковите се здобија со лоша репутација со текот на годините, Рус вели дека повремената чаша сок од свежно цеден портокал е добар избор.

– Вистина е дека сокот ги нема сите влакна на целото овошје, но сепак понекогаш може да се вклучи како добар извор на витамин Ц – вели таа.

Чајот е здрав избор

Нутриционистот Тоби Смитсон, кому му бил дијагностициран дијабетес на 8-годишна возраст, вели дека секое утро прави чај во поголема количина за да му трае преку целиот ден.

– Истражувањата покажаа здравствени придобивки од пиењето чај, вклучително и спречување и лекување на дијабетес. Полифенолите во чајот влијаат на инсулинската активност и други придобивки вклучуваат подобрена чувствителност на инсулин, одржување здрав крвен притисок, намалување на ризикот од срцеви заболувања и намалување на ризикот од развој на дијабетес тип 2 – вели тој.

Експертите исто така велат дека пиењето топла вода со лимон нема „магични“ својства, но ако е добро утринско освежување за некого, нема штета од неа.

Сепак, наместо вода со лимон, подобро е да пиете зелен чај со лимон бидејќи на тој начин ќе добиете и антиоксиданти.

Пијте кафе за да започнете да функционирате

„Ако сакате нешто што помага при утринско одење во тоалет, оваа рутина прави чуда за мене: прво пијам чаша вода, а потоа шолја кафе“, вели Франкени.

Да, важно е што пиете

Без оглед на сè, експертите се согласуваат дека вашата прва голтка во денот е навистина важна.

– Изборот на првиот пијалак е избор и како ќе продолжи вашиот ден. Последното нешто што сакате да направите е да го започнете денот со сладок, преработен пијалак како сода или енергетски пијалак што ќе го преплави вашиот систем со шеќери. Овие пијалаци можат да донесат брза инјекција на енергија, но понатаму сигурно ќе биде придружено со значителен замор во текот на денот – изјави нутриционистката Карен Ансел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот