Нутриционистка даде одговор: Како природно да се ослободите од кашлицата? Секоја домаќинка го има дома природниот лек

Фото Профимедиа

Упорната кашлица деновиве мачи многумина, за што сведочат изјавите на лекарите, како и полните чекални. Во некои случаи, дури и лековите не помагаат, па луѓето бараат помош во „лековите“ од природата.

Нутриционистката Ана Бандука Тодоровиќ за ТВ Прва зборувала токму на оваа тема, па прво открила кои природни препарати можат да ја ублажат упорната, долготрајна кашлица, и тоа онаа со секрет.

Како што советува, одличен рецепт за овие симптоми, но и за сите пушачи, како и за оние луѓе кои имаат болки во грлото, е чајот од ловоров лист.

„Секоја домаќинка го има ова дома. Издробете неколку ловорови листови, ставете ги во шолја (околу два ловорови листови), прелијте ги со зовриена вода и оставете да отстои 20 минути. Освен што помага кај кашлицата, овој чај помага и за исфрлање на вишокот течност од телото, а исто така е поволен и за децата“, рекла нутриционистката, а потоа дала уште еден одличен рецепт.

„Доколку, пак, немате слуз во бронхиите, туку кашлицата е сува и иритирачка, или сте настинати, земете портокал, издлабете го и во него ставете една лажичка сол, додадете малку куркума и би требало вака подготвениот портокал добро да го загреете, да речеме на рингла. На крајот, на сето тоа додадете малку мед, загрејте уште малку, две до три минути. Оваа течност ќе помогне болката грло да исчезне што е можно побрзо“, рекла Ана Бандука Тодоровиќ.

Таа, исто така, ги советувала сите настинати да јадат што повеќе цитрусно овојшје и да го плакнат грлото со чај од жалфија, а овие методи да ги повторуваат во текот на два до три дена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот