Нутриционистите тврдат: Ова е најдобриот јогурт за намалување на холестеролот

Unsplash
Фото: Unsplash

Ако сакате јогурт, но и внимавате на холестеролот, важно е да го изберете вистинскиот.

Јогуртот може да биде дел од исхраната, но и тука треба да внимавате што избирате доколку внимавате на нивото на холестерол во организмот.

Иако на телото му е потребен холестерол за да се градат здрави клетки, ако го има премногу, може да бидете во групата која има зголемен ризик од развој на болести на срцето; масни наслаги на крвните садови, што може да доведе до намален проток на крв, стои на веб-страницата на клиниката Мејо.

Ако спаѓате во ризична група, мора да внимавате каква храна внесувате во организмот, некои можат да бидат поштетни, додека други ќе му помогнат на вашето здравје.

Кој вид јогурт може да помогне во намалувањето на холестеролот?

Според нутриционистите Луси Лакатос и Тами Лакатос Шајмс, тоа е немасниот јогурт, богат со пробиотици, кој содржи малку шеќер, но полн со протеини.

„Иако се знае многу за заситените масти и холестеролот, а и за тоа дека генетиката може да влијае, важно е да се намали нивниот внес со цел да се спречат срцевите заболувања. Кога го консумираме многу, може да влијае на зголеменото ниво на „лошиот“ холестерол , објасниле нутриционистите. Важно е јогуртот да содржи мали количини шеќер бидејќи ако го внесувате во големи количини, се случува истото.

Нутриционистите тврдат дека консумирањето шеќер може да има влијание врз воспалителните процеси, што го прави холестеролот уште поопасен – тој е одговорен за настанување на атеросклероза.

Кога станува збор за изборот на јогурт, тие советуваат да изберете производ кој не содржи заситени масти, но ниту многу шеќер, но важно е во него да има доволно протеини и пробиотици.

„За оние чија секојдневна исхрана се состои од мал внес на заситени масти и шеќер, повременото консумирање на таков производ нема да им наштети, но денес ретко кој обрнува внимание на тоа“, заклучуваат тие.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот