Нуредини: Ние прво баравме пластична кеса да чини десет денари, пратениците бараа 20 и се најдовме на средина

Насер Нуредини во гостување на ТВ Сител . 1 декември 2021 / фото: ТВ Сител/принтскрин

Нашиот првичен предлог како министерство беше десет денари за кеса. Кога дојде законот во Собрание, пратениците побараа со амандман да биде 20 денари. Се договоривме да биде 15 денари, рече министерот за животна средина, Насер Нуредини во интервју за ТВ Сител, говорејќи за најновата цена на биоразградливите кеси во продавниците и маркетите.

Според него, идејата на покачувањето на цената не е околу вредноста на кесата.

-Идејата на кеса од 10 денари е да се обидеме да ги мотивираме граѓаните да не ги користат пластичните кеси. Тие не се разградливи едноставно во природата. Тие се распаѓаат и ја загадуваат почвата и водата. Идејата не е цената, туку да се користи помалку пластика. Ние гледаме на 10-те денари како на 15 центи и тоа е цена која ќе мотивира помалку да се користат, смета Нуредини.

„Ние како влада донесовме одлука да не се користи пластика во министерствата. Веќе една година користиме само стакло и водата мора да биде во стакло, јас барав нашите автомобили да не бидат дизел, но има процеси на јавни набавки за кои се одлучуваше лани. Ние бараме новите возила кои ќе се купуваат за институциите да бидат еколошки, плагин, хибридни или електрични. Затоа што треба да поставиме пример. Министерството за финансии работи на проект за намалување на ДДВ за електрични автомобили, за да стимулираме и да ги поддржиме граѓаните да купуваат еколошки возила а не дизел или бензин“, додаде Нуредини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот