8 C
Скопје

„Њујорк тајмс“ првпат поддржа двајца кандидати за претседателска номинација

Изборот на либералниот „Њујорк тајмс“ се случува само неколку недели пред изборот за претседателска номинација во Ајова, закажан на 3 февруари, со што официјално почнуваат претседателските предизбори.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ вчера ги поддржа сенаторките Ејми Клобучар и Елизабет Ворен за демократската претседателска номинација.

Тоа е првпат весникот да избере два кандидата.

Изборот на либералниот „Њујорк тајмс“ се случува само неколку недели пред изборот за претседателска номинација во Ајова, закажан на 3 февруари, со што официјално почнуваат претседателските предизбори.

Весникот ја опишува сенаторката Ворен од Масачусетс како „радикален“, а сенаторката Клобучар од Минесота како „реален“ избор.

– Во текот на темелната дебата помеѓу двете визии би можела да се дефинира иднината на (Демократската) партија, а можеби и на земјата… И радикалниот и реалистичниот модел заслужуваат сериозно разгледување… Затоа ги поддржуваме Ејми Клобучар и Елизабет Варен, истакна „Њујорк тајмс“.

Прочитајте и...  Турција ќе започне со вакцинација на жителите подоцна во декември

Поврзани вести

ВИДЕО | Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ со неучеството на изброите во Штип покажа лицемерие, страв и бегство од пораз

Слободен печат

Помпео: САД се посветени на заштита на правата на лицата со посебни потреби

И.И.

ВИДЕО | Јакимовски: Со Бугарите не може да се преговара за историја затоа што тие историјата ја толкуваат како сакаат

Слободен печат

ВИДЕО: Кинеската сонда Чанг 5 зема примероци од Месечината и тргна кон Земјата

И.И.

ВИДЕО+ФОТО | Пендаровски: Најисплатлива инвестиција е инвестицијата во образованието

Слободен печат

ЕУ предупредува за раст на антисемитизмот

И.И.

Остави Коментар