Ново истражување открива како да си го продолжиме животниот век – „Лекот“ е достапен за сите!
Изодете 8.000 чекори дневно и ќе си ги зголемите шансите за подолг живот – сугерира новото истражување од Центарот за превенција и контрола на заразни болести, Националниот институт за старост и Националниот институт за Рак на САД, објавено неодамна на ЈАМА, а пренесува Вашингтон пост.
Препорачано

Истражувачите заклучија дека луѓето кои во просек ќе остварат 4.000 чекори дневно (околу 3 километри), за разлика од оние што ќе достигнат околу 8.000 чекори дневно (или 6 километри), имаат 50% поголеми шанси да починат во наредните 10 години од која било причина, вклучувајќи ги кардиоваскуларните болести и ракот.
Пешачете уште повеќе, до 12.000 чекори дневно (или 9 километри) – и вашата шанса да починете во наредните 10 години ќе биде уште пониска, за 65%, за разлика од оние што изодуваат 4.000 чекори, или 3 километри.
Овие пронајдоци доаѓаат од анализа на датабаза на 4.840 учесници од САД (средна возраст, 56,8 години; 2.435 [54%] од испитаниците биле жени; 1.732 [36%] од испитаниците биле лица со дебелина). Во периодот од 2003 до 2006 година, испитаниците носеле уред, наречен aкцелометар, кој се става на колкот и собира податоци за движењето, односно бројот на чекори кои го реализирале, а потоа, тие податоци биле набљудувани во рок од 10 години. Во тој временски период од една деценија, 1,165 од испитаниците починале, а за истите било регистрирано дека пешачеле 3 или помалку километри дневно (4.000 или помалку чекори).
Истражувањето потенцира дека без разлика на полот, возраста, етничката припадност или раса, оние кои пешачат повеќе, имаат помали шанси да починат. Интензитетот или темпото на пешањење, како колку чекори се реализирани во рок од една минута, немале влијаније врз ризикот од морталитет над испитаниците. Она што го потенцираат истражувачите е дека најбитно е колку чекори ќе остварите во текот на денот.
Пронајдоците на истражувачите даваат уште повеќе кредибилет на апелите да бидеме физички активни, да седиме помалку и да се дивижиме повеќе, што може да биде голем предизвик за сите оние кои се справуваат со коронавирусот поради рестриктивните мерки кои налагаат да останеме дома.

Уште на почетокот од пандемијата, Светската здравствена организација посоветува возрасните да вежбаат дома околу 30 минути дневно, а децата околу 1 час, апелирајќи вежбите да се практикуваат 5 дена во неделата.
Сепак, во моментов се уште може да се пешачи и да се трча надвор, со одржување на препорачаната дистанца од другите. Доколку барате алтернатива на сето ова, потрудете се да бидете физички активни со некоја забавна активност, како часови за танцување, за кои постојат многу бесплатни туторијали на Јутјуб.



