Ново истражување: Можат ли луѓето да станат отровни имајќи предвид дека ги поседуваме сите потребни елементи за производство на токсини?

unsplash

Можат ли луѓето еден ден да станат отровни во буквална смисла на зборот? Иако е малку веројатно дека некој човек во блиска иднина ќе стане опасен како змијата, неодамнешното истражување покажа дека човечкото тело ги има сите предуслови за производство на токсини. 

Експертите откриле дека голем број на флексибилни гени, кај луѓето претежно се поврзани со жлездите кои произведуваат плунка односно дигестивните жлезди лоцирани околу усната шуплина и фаринксот, даваат одговор на прашањето која е разликата меѓу отровните животни и оние кои ја немаат таа посебна моќ.

Ние всушност ги имаме сите потребни елементи за производство на токсини. Сега е време за процесот на понатамошна еволуција“, рече еволутивниот генетичар Агниш Баруа од Институтот за наука и технологија во Окинава.

Многу видови на животинското царство, како пајаците или змиите, можат да произведат орален отров. Биолозите веќе со години знаат дека отровот во устата на овие животни е произведен од модифицирана плунка, но новото истражување откри молекуларна механика која стои зад таа модификација, пишува Live Science.

unsplash

Моќта на создавање отрови е вистински пример за флексибилност на природата. Многу компоненти на орални токсини се заеднички за различни животни. На пример, состојките во отровот на гасеница се наоѓаат и во отровот на змијата.

Научниците за време на најновата студија не се фокусирале на самите отрови, туку на гените што ги овозможуваат истите. Овие регулаторни гени ја формираат основата на целиот систем за производство на токсини, но не го произведуваат директно.

Истражувачите започнале да го анализираат геномот на тајванската змија „Trimeresurus mucrosquamatus“, инвазивен вид во Окинава.

Бидејќи ги знаеме функциите на сите гени во таа змија, требаше само да анализираме кои гени се поврзани со оние кои се одговорни за создавање отров“, вели Баруа.

Тимот пронајде констелација на гени што се вообичаени во повеќе телесни ткива кај сите амниоти. Амниотиите се копнени ‘рбетници (цицачи, птици и влекачи) кои внатрешно ги оплодуваат своите јајца или положуваат јајца на копно.

unsplash

Многу од тие гени се поврзани со гените за производство на токсини вклучени во преклопувањето на протеините, вели Баруа, што има смисла бидејќи отровните животни мора да произведат големи количини токсини кои се формираат од протеини.

Истите овие типови на регулаторни гени изобилуваат со жлездите кои произведуваат плунка кај човекот, кои исто така произведуваат големи количини на протеини во плунката.

Со други зборови, секој цицач или рептил има генетска предиспозиција да создаде систем на орален отров. Сепак, луѓето како и глувците, веќе произведуваат клучен протеин кој се наоѓа во многу токсини. Каликреините, протеините кои се излачуваат со плунка, се клучен дел од многу токсини. Тоа е затоа што ова се многу стабилни протеини кои функционираат дури и кога се изложени на мутации. На овој начин, лесно се јавуваат корисни мутации на каликреин, кои го прават отровот поболен и смртоносен.

pixabay

Не случајно каликреинот е најраспространета компонента во отровите низ животинското царство, бидејќи е високо активен ензим во која било форма“, рече Брајан Фрај, биохемичар специјализиран за отрови од Универзитетот во Квинсленд во Австралија.

Каликреините се природна почетна точка за хипотетичко појавување на „отровни луѓе“.

Луѓето треба да бидат отровни за да преживеат. Можеби во иднина ќе имаме поголемо ниво на каликреин“, се пошегувал Баруа.

Иако звучи примамливо, сепак, тешко дека ќе се случи, сепак отровот се развива кај животните како метод на одбрана или како начин на заробување на плен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот