Ново финансирање на ЕБОР во С. Македонија во време на кризата со корона вирус

ЕБОР ја покажува својата поддршка за Северна Македонија со нови €2.5 милиони наменети за Охридска Банка АД Скопје, кои ќе и помогнат на земјата во намалување на влијанието од пандемијата на корона вирусот врз економијата.

Ова е првиот потпишан договор за кредитирање од почетокот на глобалната криза, кој ќе ја поддржи енергетската ефикасност на резиденцијалните згради, ќе помогне во намалување на гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина, и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата.

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија, изјави: ,,Со потпишувањето на овој кредит денес, ЕБОР покажува дека е подготвена да ги поддржува партнерските банки  во сите околности. Забележуваме дека побарувачката за кредити за енергетска ефикасност продолжува во време на криза и тука сме да ги поддржиме клиентите на Северна Македонија во зелената транзиција. “

Ова финансирањето е трет кредитен договор со Охридска Банка АД Скопје и доаѓа од Програмата за поддршка за зелена енергија (GEFF). Средствата ќе бидат употребени за поддршка на инвестициите на приватните сопственици на домаќинствата во зелени технологии, материјали и инвестиции во бојлери, прозорци и осветлување. Зградите во земјата имаат итна потреба од реновирање и поставување на изолација, со што се очекува дека ќе се намалат трошоците за потрошувачка на енергијата и ќе ја зголеми удобноста.

Охридска Банка АД Скопје, во 2019 година ја смени сопственоста и стана дел од  Штаермаркише Шпаркасе групацијата, но е долгогодишен  партнер на ЕБОР, лидер на пазарот за зелени резиденцијални проекти во Северна Македонија.

Програмата за поддршка за зелена енергија (ППЗЕ) во Северна Македонија е дел од Програмата за поддршка за зелена енергија (GEFF), за Западен Балкан во износ од €85 милиони, лансирана во 2017 година. Програмата е заедничка инцијатива на Европската Унија (ЕУ), Федералното Министерство за финансии на Австрија и земјите кориснички на фондовите од Инвестициската Програма за Западен Балкан (WBIF) .

Имплементацијата  е под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP PLUS), финансирана од ЕУ и имплементирана во партнерство со Секретаријатот за енергетска заедница. REEP PLUS има донесено политика за поддршка на хармонизацијата на законите за енергетска ефикасност и регулативите за енергетска ефикасносот за зградите, согласно релевантните Европски директиви.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2 милијарди во 131 проект во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, бидејќи е еден од најактуелните предизвици со кои се соочува земјата. Главниот град на Северна Македонија, Скопје неодамна се приклучи на иницијативата ЕБОР Зелени Градови.