Новиот „Пирло“ во Милано, лекарски прегледи, па потпис! (ВИДЕО)

epa07161234 Italy's Sandro Tonali attends a training session at Coverciano Sport Center, Florence, Italy, 12 November 2018. EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNI

Досегашниот фудбалер на Бреша, Сандро Тонали прво треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи, а потоа и да го потпише петгодишниот договор со Милан.

Како што уште го нарекуваат новиот „Андреа Пирло“, иако се поврзуваше и со други врвни италијански клубови, на крајот одлучи да биде дел од „росонерите“.

Според тамошните медиуми, 20-годишниот играч од средниот ред се согласи за позајмица до крајот на сезоната, а Бреша прифати истата да биде вредна 10 милиони евра.

Клубот од „Сан Сиро“ ќе ја има можноста за откуп на договорот за 15 милиони евра, и додатни 10 милиони како бонуси.

Исто така Бреша ќе добие 10 отсто од наредниот трансфер Тонали кој играше добро во дебитантската сезона во Серија А, но не успеа да му помогне на клубот да обезбеди опстанок.

Досега одигра три натпревари за најдобрата фудбалска репрезентација на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот