Новиот лидер на ССМ Трендафилов најавува „жешко лето“, идната недела можни штрајкови во три државни институции

Слободан Трендафилов - ССМ / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) доби нов лидер – од денеска на чело на најголемата синдикална организација е Слободан Трендафилов, кој како единствен кандидат беше избран за нов претседател на ССМ на денешниот Конгрес во Скопје.

Трендафилов во вечерашното гостување во „Топ тема“ на „Телма“ рече дека во текот на претстојната недела се најавени штрајкови или протести во три државни институции, без да ги открие институциите.

-Ова ќе биде жешко лето, не само по однос на температурите, туку и по однос на синдикалните активности – најави Трендафилов.

Тој посочи дека ССМ подготвува иницијатива за уставноста на Законот за работни односи со кој се воведе можноста за работна недела која трае 72 часа.

Конгресот на ССМ почна со едноминутно молчење во знак на почит кон претходниот претседател на Сојузот, Дарко Димовски, кој почина овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот