Фото: Делчево365 / Фејсбук

Новиот градоначалник на Делчево му ја вети својата прва плата на комунален работник

Новоизбраниот градоначалник на Делчево, Иван Гоцевски, денеска ја прими функцијата од неговиот претходник, Горан Трајковски, во мала церемонија во градоначалничкиот кабинет.

Гоцевски својот прв работен ден на функцијата ја почна со невообичаен потег – тој вети дека првата плата ќе му ја донира на еден од вработените во општинското комунално претпријатие „Брегалница“, јавува на социјалните мрежи локалниот портал „Делчево 365“.

Се работи за иницијатива на медиумот, кој уште во август го пријавил работникот Горан Узунски од делчевското село Тработивиште за општинско признание поради придонесот во одржувањето на чистотата во градот. Но, наместо симболична награда, градоначалникот Гоцевски одлучил да ја донира неговата прва плата како градоначалник, пишува порталот.

„Со солзи во очите Горан Узунски, вработен во ЈКП „Брегалница“ ја прими благодарницата од новиот градоначалник Иван Гоцевски кој го истакна како поединец на кој сите треба да се угледаме“, пишува порталот „Делчево365“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот