Нови сведочења од Халкидики – Топка во морето му го спасила животот на 30-годишниот Иван

ФОТО; МИА - Грчка крајбрежна патрола

Триесет годишниот Иван кој 18 часа помина во вода го спасила топка која ветерот ја донел во морето. Се држел за неа се до моментот додека не го пронашол товарниот брод денеска околу пладне. Оваа информација ја сподели градоначалничката на Касандра Анастасија Чалкина за грчките медиуми.

„Пред малку ми кажа дека успеал да преживее благодарение на топката што ја нашол во морето. Успеал да ја држи топката цели 19 часа. Тој е многу силно човек и е во добра форма, паметен и одлично се справуваше со ситуацијата“, нагласи таа.

Во исто време продолжува потрагата по третото момче од Македонија кое од вчера попладне се води како исчезнато во морската област во Посеиди, Халкидики. Продолжува потрагата по третиот исчазнат од групата пријатели. Сите трјоца вчера попладне влегле во морето и многу брзо ги однеле силните водени струи. Едниот од нив беше пронајден вчера.

ВИДЕО од спасувањето на скопјанецот на Халкидики: Се трага по неговите двајца пријатели со кои славеле роденден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот