Нови сознанија, стари обвиненија: Крис Нот бил обвинет од неговата девојка уште во 90-тите за закани дека ќе ја обезличи и ќе го убие нејзиното куче!

крис нот беверли џонсон
Фото: Принтскрин / Instagram

Откако во јавноста излегоа таблоид обвинувања од две жени дека актерот Крис Нот сексуално ги нападнал во минатото, а потоа и актерката Зои Листер-Џонс се надоврза обвинувајќи го дека бил сексулано непристоен кон нејзина колешка, на површина излезе и информација за официјално обвинение со кое Нот се соочил 90-тите!

Еден стар весник во кој поранешната девојка на Крис Нот го обвини дека физички ја малтретирал, повторно се појави на социјалните мрежи по новите наводи дека тој сексуално нападнал две жени.

Нот, кој е познат по улогата на г-дин Биг во „Сексот и градот“ и „And Just Like That“, наводно се забавувал со супермоделот Беверли Џонсон од доцните 1980-ти до средината на 1990-тите. Во исечокот од весникот, кој го сподели Диет Прада на Инстаграм, Џонсон тврди дека Нот првпат ја нападнал во 1991 година, откако биле на забава во Њујорк. Според извештајот, за кој се верува дека е од „The ​​National Enquirer“, злоупотребата продолжила до 1993 година кога Џонсон ја прекинала врската со актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

Шокантните судски документи тврдат дека топ-моделката бил нападната од тогашната ѕвезда на „Закон и ред“ и написот цитира извор кој тврди дека Нот се заканувал да ја обезличи Беверли и дека ќе го убие нејзиното куче.

Изворот исто така тврди дека една година по разделбата на парот, во декември 1994 година, Нот „влегол во домот на Беверли и ја претепал“. Како резултат на тоа, Џонсон поднела забрана за приближување против нејзиното поранешно момче, иако против него не била поднесена кривична пријава.

„Никогаш не сум билa толку исплашена во мојот живот. Едноставно не можам да верувам дека некој што некогаш бил толку нежен и сладок може да се претвори во овој бесен див човек“, му кажала Џонсон на свој пријател според написот.

Објавата на Диет Прада на Инстаграм брзо привлече големо внимание на платформата на социјалните мрежи. „Верувајте им на жените“, напиша еден корисник на Инстаграм во делот за коментари, а друг додаде: „Како ова никогаш не беше споменато во сите години кога „Сексот и градот“ беше емитуван на телевизија?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Hot Zone (@thehotzoneusa)

Објавената статија излезе на виделина само еден ден откако беа изнесени две одделни обвинувања за сексуален напад против 67-годишниот актер – иако тој негираше дека сторил нешто лошо и против нивна волја, а и рекламата за собниот велосипед Пелотон беше повлечена бидејќи, како што објавија од студиото, „секое обвинение за сексуално насилство треба да биде сфатено сериозно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот