ВИДЕО | Срамно однесување: Кошаркар на Лејкерс си гледаше во телефонот, додека тренерот објаснуваше на тајм-аутот

Фото: Screenshot

Eкипата на Лос Анџелес Лејкерс го претрпе 11. пораз во низа од Денвер кој во плеј-оф серијата сега има предност од 3:0.

Лејкерс не изгледа дека има шанси против Јокиќ и друштвото и на чекор се да бидат елиминирани. Дека во тимот не владее добра атмосфера покажува и сцената во која во центарот на вниманието се најде бекот Д’Aнџело Расел.

Имено, Расел беше снимен од камерите како си гледа во својот телефон додека тренерот Дарвин Хем дава инструкции во текот на тајм-аутот.

На ваквото однесување на Расел навивачите додаваат и дека одигра очаен натпревар во кој за 24 минути на паркетот не постигна ниту еден поен и имаше шут од поле 0/7.

ВИДЕО | Реакција на Леброн која најдобро покажува колку беше немоќен против Јокиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот