Песков: Испораката на американски ракети со долг дострел за Киев нема да промени ништо во конфликтот

EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Испораката на американските ракети ATACMS на Украина нема да промени ништо во конфликтот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, еден ден по најавата од Вашингтон за испраќање на овие ракети со долг дострел во Киев.

-Соединетите Американски Држави се директно вклучени во овој конфликт, тие тргнаа на патека насочена кон зголемување на опсегот на вооружениот систем, рече Песков.

Тој додаде дека испраќањето ракети нема да може да го промени „исходот од специјалната воена операција“.

-Украина првпат почна да користи балистички ракети со долг дострел, кои тајно ѝ беа доставени од Соединетите држави, кога бомбардираше руски воен аеродром на Крим минатата недела и руски сили во друга окупирана област, објавија вчера американските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот