Нови мерки на Комисијата за заразни болести: Нема прослави по дома и групирања на јавни места, маската задолжителна и на отворено

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Забрана за поголеми семејни прослави во домашни услови и групирање на јавни простори по 23 часот, како и задолжително носење маска на отворено и во затворени јавни простории, се новите мерки на Комисијата за заразни болести што ќе ги достави до Владата на усовјување, со цел да се спречи ширењето на заразата од коронавирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

– Се забанува групирање во домовите на семејните прослави и слави. Во едно живеалиште сопствениците е дозолено да примаат дополнителни четири лица, рече министерот.

Тој додаде дека анализите покажале оти сериозен процент од новозаразените е токму од ваков тип настани и затоа, како што истакна, сакаат тоа да го превенираат, а со оваа нова мерка ќе се избегне и забавите од кафулиња и барови да се префрлат во домашни услови.

Со новите мерки се предлага и забрана за групирање на јавен простор по 22 часот на повеќе од четири лица. Забрана за собирања на поголема група по паркови, бензиски пумпи и било каде на отворено.

– Се воведува задолжително носење на маски или заштитна опрема на носот и на устата секаде при престој на отворено, на затворено во кој било јавен објект, на работно место, јавен и приватен транспорт. Исклучок се прави при спортување на отворено и затворено, при транспорт во приватно возила на членови на едно семејство, при седење во уготителските објекти со почитување на соодветни простории, при престој во службени простории ако е лицето само во просторијата, рече Филипче.

Исклучок од мерките ќе имаат децата до шест години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот