Кевин Костнер / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Адвокатите итно се огласија: Нови детали за тужбата против Кевин Костнер, обвинет за сексуално вознемирување

Кевин Костнер ја оспорува одлуката на судијата во врска со тужбата за сексуално вознемирување што против него ја поднесе каскадерката Девин Лабела.

Лабела го тужи Костнер поради наводна насилна сцена на силување, која не била во сценариото, а која била снимена за неговиот вестерн филм „Хоризонт“.

На почетокот на овој месец, судијата го одби барањето на правниот тим на Костнер целосно да се отфрлат сите десет тужбени точки на Лабела, но сепак отфрли две од нив.

Сега Костнер поднел жалба на таа одлука, барајќи да се отфрлат и преостанатите осум точки од тужбата, пренесува „Дејли Мејл“.

Лабела, во тужбата поднесена во мај оваа година, тврди дека била „жртва на насилна, непланирана сцена на силување што не била во сценариото“, која лично ја режирал Кевин Костнер додека таа работела како дублерка на актерката Ел Хант за време на снимањето на филмот „Хоризонт“ во мај 2023 година.

Реакција од адвокатот на Кевин Костнер

Адвокатот на Костнер, Марти Сингер, изјави за „Дејли Мејл“ изјавил:

„Задоволни сме што судот делумно го усвои нашето барање и отфрли две од тужбите (вклучувајќи една за сексуално вознемирување).“

Тој додаде:

„Иако сме разочарани што судот дозволи останатите точки од постапката да продолжат, доказите јасно покажуваат дека тие немаат правна ниту фактичка основа, и планираме веднаш да поднесеме жалба.“

Сингер нагласи дека сите тврдења на Лабела се лажни и финансиски мотивирани.

„И покрај бесмислените обвиненија на тужителката, немало никаква симулирана сцена на силување, симулиран секс ниту сексуално вознемирување апсолутно никаква одмазда“, рече адвокатот.

Тој додаде дека Лабела бара милионски износ на оштета, иако прифатила да учествува во проба на „безопасната сцена“, за која, според него , таа самата признала дека ѝ била однапред објаснета.

Адвокатот на Костнер изјави дека тие ќе „продолжат да се борат за вистината“ и дека се „многу уверени дека ќе победат“.

Одговорот на тимот на Лабела

Адвокатите на Девин Лабела за „ДејлиМејл“ изјавиле дека нивната клиентка била изложена на „непланирана, насилна сцена на силување“, што е и основата на нејзината тужба.

Нејзината адвокатка, Кејт Мекфарлејн, изјави:

„Логичниот заклучок од аргументот на одбраната е дека можете да силувате или убиете некого сè додека тоа е дел од ’креативниот процес‘. Креативниот процес не може да биде изговор за незаконско однесување.“

Таа додаде:

„Креативниот процес не смее да им дава на мажите на позиции на моќ целосна слобода да злоупотребуваат жени како госпоѓицата Лабела.“

Мекфарлејн истакна дека очекува Костнер и неговиот правен тим да продолжат со „слични тактики за да спречат нивното одвратно однесување да стигне пред порота“, но додаде:

„Ние нема да се повлечеме.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот