Новата веб-страница на принцот Хари и Меган Маркл предизвика дебата: Зошто сѐ уште ги користат кралските титули?

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

По неуспешната 2023 година, војводата и војвотката од Сасекс свртија нов лист, односно лансираа нова веб-страница.

Во индивидуалните биографии на парот на новата веб-страница, принцот Хари е опишан како „хуманитарен, воен ветеран, застапник за ментално здравје и еколошки активист“, додека војвотката Меган е опишана како „феминистка и застапничка за човекови права и родова еднаквост“.

Претходната веб-страница на војводата и војвотката од Сасекс, archewell.com, сега автоматски го пренасочува корисникот на sussex.com. На насловната страница доминира фотографија од парот, заедно со текстот: „Канцеларија на принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс“.

Веб-страницата archewell.com, чие име беше инспирирано од името на нивниот син Арчи, го замени претходниот бренд на славната кралска двојка – „Sussex Royal“ кога ги напуштија своите кралски должности.

На веб-страницата се наведува дека канцеларијата на принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, ја обликуваат иднината преку бизнис и филантропија.

Активностите на познатата двојка, како што е наведено, се одвиваат преку „The Archewell Foundation“, „Archewell Productions“, спонзорства, потфати и организации кои добиваат поддршка од принцот Хари и Меган, поединечно и/или заеднички.

Старата веб-страница на двојката,sussexroyal.com, која ја отворија во 2020 година, ги упатува посетителите на новата страница и ги информира за нејзината содржина: „Оваа страница е основана во 2020 година и ги прикажува работните активности на принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, пред нивното преселување во Соединетите Американски Држави“.

Извор близок до парот ги демантираше тврдењата дека тие се обидуваат да ја оживеат својата медиумска кариера преку користење на кралските титули и истакна дека тие се „војводата и војвотката од Сасекс и дека тоа е нивното презиме“, пренесе „Дејли мејл“.

Да потсетиме, принцот Хари, кој живее во Калифорнија со својата сопруга и нивните две деца – принцот Арчи и принцезата Лилибет, минатата недела отпатува во Велика Британија за да се сретне со својот татко, кралот Чарлс Трети, откако му беше дијагностициран рак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот