Јовица Ивановски, поет

Новата поетска книга „Некој друг“ од Јовица Ивановски ќе има промоција во „Лабораториум“

Во понеделник, на 4 мај, со почеток во 20 часот, во „Лабораториум“ во Скопје, ќе се одржи промоција на новата поетска книга „Некој друг“ од Јовица Ивановски.

Книгата ќе ја промовира поетот Дарко Лешоски, а песни ќе чита актерот Нино Леви.

Jовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет и една книга поезија и неколку избори на македонски и на англиски јазик. Застапен е во повеќе антологии и неговата поезија е препеана на петнаесетина јазици.

Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Човек“ (2019).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот