Новата грчка влада го призна Гуаидо за претседател на Венецуела

Хуан Гуаидо / Фото: Архива

Атина донесе една дипломатска одлука со која веднаш може да се направи разлика меѓу владата на Алексис Ципрас, со сегашната на Кирјакос Мицотакис – Грција го призна Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

„Владата не Хеленската Република, согласно заедничката позиција на 28. членки на ЕУ, како и изјавата на високата претставничка Могерини, одлучи да го признае демократски избраниот претседател на Националното собрание Хуан Гуаидо за претседател на Венецуела кој треба да организира слободни, фер и демократски претседателски избори“, се наведува во соопштението на грчкото МНР.

Во истото соопштение се додава дека Атина ги поддржува напорите на ЕУ поврзани со иницијативите како преговорите во Осло за да се постигне мирно политичко решение на кризата во Венецуела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот