„Новартис” казнета поради корупција и мито

Светската фармацевтска компанија „Новартис” е казнета за корупција и подмитување на лекари, болници и клиники во Грција и во Виетнам со цел на пациентите да им се препишуваат нејзините лекови и да се користи нејзината хирушка опрема.

Министерството за правда на САД соопшти дека „Новартис” во Грција се согласи на спогодба, која предвидува казна од 225 милиони долари.

Покрај тоа компанијата се согласи да плати дополнително 112,8 милиони долари за порамнување на трошоците за граѓанските парници, плус 8,9 милиони долари на име на кривична казна.

На „Новартис” ќе и биде судено во САД за подмитување на лекарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот