Новаковски: Промени на Изборен законик и регулатива не може да се случуваат непосредно пред избори
Еден од главните изборни стандарди е дека промени на Изборен законик и регулатива не може да се случуваат пред изборите. Мора да има разумен рок, смета Новаковски.
Измените на изборниот законик кој што ќе произлезат од препораките на ОБСЕ и ОДИХР се тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, а гостин во студиото е адвокатот Александар Новаковски, поранешен секретар на Собранието и поранешен претседател на ДИК.
Препорачано
-Мислам дека сите изборни циклуси, после завршувањето, ОБСЕ и ОДИХР даваат издржани препораки дека по наша покана ги следат изборите. Таа мисија во однос на зебелешите е конкретна. Тие препораки се во согласност со Копенхашките критериуми, согласно добрите изборни правила, согласно меѓународните стандарди. Ние мора да сфатиме дека тие препораки треба да се имплементираат, 50 отсто од препораките не се имплементираат. Еден од главните изборни стандарди е дека промени на Изборен законик и регулатива не може да се случуваат непосредно пред изборите. Мора да има разумен рок, смета Новаковски.


