Новак Ѓоковиќ на два чекори од магичната бројка на АТП листата

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/BRIAN HIRSCHFELD

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со титулата на Мастерсот во Париз ја зголеми предноста пред ривалите на АТП листата.

Ѓоковиќ сега има 9,945 поени, што е за 1,490 повеќе од Карлос Алкараз, кој уште на стартот го заврши својот настап во Париз.

Еден триумф на Завршниот Мастерс во Торино ќе му биде доволен на Ѓоковиќ за да ја заврши годината на првото место.

Србинот ја започна својата 398 недела на врвот на АТП-листата и е многу блиску до магичната бројка од 400 недели.

Данил Медведев остана на третото место со 7,200 поени, Јаник Синер е четврти со 5,490, Андреј Рубљов петти со 5,205 и Стефанос Циципас шести со 4,435 поени.

Каспер Руд напредуваше за едно место и сега е седми со 3,625 поени. Следат Александар Зверев со 3,585 и Тејлор Фриц со 3,500 поени, додека Холгер Руне падна на 10 позиција со 3,460 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот