Нова студија: Важно е да јадете пред да се впуштите во сексуален однос со партнерот

Фото: Profimedia

Палењето свеќи и романтичната музика се убав начин да го постигнете вистинското расположение пред интимните моменти со партнерот. Но, едно ново истражување покажува дека има уште една важна работа што треба да ја направите пред да влезете во спалната соба – јадете.

Истражувачите од Универзитетот во Осло открија нешто навистина интересно во своето истражување. Интимните игри би можеле да бидат многу помалку пријатни и задоволувачки ако сме гладни. Се вели дека овој феномен е резултат на влијанието на хормонот „грелин“, кој е познат и како „хормон на гладот“, пишува „Жена“.

Каков е овој хормон?

Хормонот грелин обично се поврзува со регулирање на апетитот. Тоа е хормон кој, главно, се создава и се ослободува од клетките во желудникот, но мали количини се ослободуваат и од тенкото црево, панкреасот и мозокот. Често се нарекува „хормон на гладот“, бидејќи го стимулира апетитот и го зголемува внесот на храна. Некои претходни студии го поврзуваа грелинот со голем број други „активности“. На пример, тој ги поттикна глувците да пијат повеќе алкохол и ја зголеми мотивацијата за самоинјектирање хероин кај стаорците.

Дали грелинот влијае и на задоволството од допирот?

Истражувачкиот тим, предводен од Даниел Фабиган, решил да открие дали хормонот влијае и на задоволството од допирот. Шеесет учесници биле замолени да дојдат во лабораторијата за тестирање во два одвоени дена. Првиот ден, учесниците пристигнале во 15 часот, откако постеле од 9 часот, а потоа им бил даден течен оброк и банана. Вториот ден постеле додека не стигнале, но овој пат не добиле храна.

Резултатите од тестовите на крвта покажале дека нивото на грелин се намалил во денот кога имало оброк, додека во денот кога се „постело“ – грелинот се зголемил. Во двата дена, нозете на учесниците биле нежно галени со различни брзини, а нивната мозочна активност била истовремено следена. Од учесниците беше побарано да го оценат интензитетот на задоволството од допирот.

Резултатите откриле дека допирот бил оценет малку попријатен во денот кога имало оброк, отколку во денот кога се постело. Но, овој ефект бил мал (само два проценти). И покрај овој мал процент, ова е важно откритие кое сведочи за дејството на грелинот.

Експертите велат дека ова може да значи дека допирот поради задоволство, како релаксирачка масажа, има попозитивен ефект после оброк отколку на празен стомак. Ова откритие ја нагласува сложеноста на врската помеѓу хормоните, храната и сетилната перцепција. Грелинот, хормонот на гладот, очигледно има пошироко влијание врз нашите искуства отколку што се мислеше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот