Нова студија: 14-часовниот пост нè прави посреќни и помалку гладни

Фото: Pixabay

Постот од 14 часа може да нè направи помалку гладни, поенергични и посреќни, покажа новото истражување на истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.

Резултатите од истражувањето откриваат дека ограничувањето на консумирањто на храна на само 10 часа, на пример помеѓу 9 и 19 часот, позитивно влијае врз расположението, енергијата и гладот.

Истражувачите користеле податоци од волонтери кои со помош на апликацијата ЗОЕ ја бележеле својата здравствена состојба. Учествувале повеќе од 37.000 луѓе кои јаделе нормално една недела, додека во следните две недели од нив било побарано да јадат само во одбраните 10 часа од денот.

Анализата открила дека оние кои постеле 14 часа дневно имале повеќе енергија, биле порасположени и помалку гладни.

„Ова е најголемата студија спроведена надвор од строго контролирана средина која покажува дека повременото постење може да го подобри здравјето. Возбудливо е да се открие дека не мора да бидеме многу рестриктивни за да видиме позитивни резултати. Десетчасовната временска рамка за јадење е поднослива за повеќето луѓе“, изјавила д-р Сара Бери.

Резимето на студијата е претставено на Европската конференција за исхрана во Белград.

Приврзаниците на повременото постење најчесто се одлучуваат за моделот 16:8, при што се пости 16 часа, додека 8 часа може да се јаде и пие.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот