Нова студија: Која вакцина создава најмногу антитела?

фајзер вакцина
Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Вакцината на „Фајзер/БиоНтек“ создаваат најсилен имунолошки одговор на ковид, од четирите вакцини тестирани во студијата која покажа дека луѓето вакцинирани со „Синофарм“ може да бидат најподложни на инфекција, според истражувањето објавено во списанието „Cell Host and Microbe“.

Истражувачите го споредиле имунолошкиот одговор на антителата кај луѓе вакцинирани со „Фајзер“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник V“, а студијата била спроведена во јули на 196 целосно вакцинирани лица во Монголија, каде што биле користени сите четири типа вакцини, што е ретко, пишува Блумберг .

Нивоата на неутрализирачки антитела на САРС-КоВ-2 варираат во голема мера во секоја од четирите групи вакцини.

„Релативно ниските“ концентрации на антитела резултираа со вакцинација со „Синофарм“ и  „Спутник V“, умерени концентрации на антитела се развија кај оние вакцинирани со „АстраЗенека“, а најмногу антитела биле развиени по инјектирањето на вакцините „Фајзер/БиоНтек“, покажа студијата.

Русите велат дека истражувањето е погрешно

Причините за разликите во имунолошкиот одговор на организмот по вакцинацијата со споменатите четири вакцини сега се предмет на интензивно истражување на експертите.

Веројатно ќе вклучи фактори како што се количината на активната состојка во секоја доза од вакцината, како и интервалот помеѓу првата и втората доза, напишаа авторите на студијата во која учествуваа научници од Универзитетот Стенфорд, Фондацијата Оно и Улан, Националниот центар за заразни болести Батору. Резултатите од студијата беа објавени во четвртокот.

И варијациите во начинот на кој се давале вакцините можеби играле улога во добиените резултати.

Но, Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој беше вклучен во развојот на руската вакцина и е задолжен за нејзината меѓународна дистрибуција, вели дека споредбите на ефектот на вакцината се погрешни бидејќи  поминало повеќе време помеѓу аплицирањето на „Спутник V“ и мерењето на антителата отколку кај другите вакцини.

Тие укажаа дека понатамошната контрола на ширењето на пандемијата на ковид во Монголија и во светот ќе бара дополнителни интервенции во јавното здравство, како што се засилени дози на вакцината, но и потенцијално посилни и поефикасни видови вакцини.

Видео на денот