Нова снежна покривка од 30-тина сантиметри, тиквешани на санкање во Михајлово

Снег/ Фото: ЕПА

Нова снежна покривка  до 30 сантиметри е формирана вчера  во Михајлово на Кожуф планина.

Рекреативци и љубители на природата денеска  за МИА изјавија дека Михајлово го посетуваат тиквешани, но и гости од други места. Сите тие сакаат да уживаат во снегот,  убавата природа и чистиот воздух.

Михајлово е богато со шума. Има бел и црн бор, ели, јасики, даб. Се наоѓа на четириесетина километри од Кавадарци, во срцето на Кожуф, на надморска височина од околу 1.200 метри. Важи за воздушна бања, оддалечена околу пет километри воздушно од соседна Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот