Фото МВР на Србија
Фото МВР на Србија

„Нова С“: Сменет началникот на службата за дрога во Србија, кој ги откри петте тона марихуана

Во Србија е разрешен началникот на Одделот за борба против зависности од дрога и шверц со наркотици на УКП, Раде Поповиќ, кој ја водеше истрагата што доведе до заплена на пет тони марихуана во селото Коњух во близина на Крушевац, објави Нова.рс.

Марихуаната беше запленета во магацините на компанијата „Флораком“ во сопственост на Раде Спасојевиќ, советник на владејачката Српска напредна партија во Крушевац.

На местото на сменетиот Поповиќ е поставен Душан Перовановиќ, кој претходно бил член на Единицата за обезбедување на одредени лица и објекти (ЈЗО). Перовановиќ првично работел во рамките на Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), како и во Секторот за внатрешна контрола, наведува Нова.рс.

Освен поранешниот началник Поповиќ, разрешен е и неговиот заменик Никола Ѓоковиќ, кој е распореден на нова позиција.

Н1: На денот на историската заплена на 5 тони марихуана од Македонија во Србија, двајца клучни началници добија „чистка“ од одделот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот