Нова пречка во преговорите: Талибанците преземаа одговорност за смртта на американски војник во Авганистан

Фото: EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Еден американски војник загина „во акција“ во Авганистан, соопштија денес американските сили во оваа земја без да дадат дополнителни информации, пренесува „Б92“.

Набрзо по таа објава, талибанците преземаа одговорност за тој напад.

Во соопштението упатено за новинската агенција „Франс прес“ преку апликацијата „Whatsapp“, портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид наведе дека синоќа талибанците поставиле експлозив на американско возило во областа Шар Дара.

Смртта на војникот би можела негативно да влијае на преговорите на САД и талибанците кои со прекини траат повеќе од една година. Преговорите се за повлекување на американските сили од Авганистан во замена за безбдносни гаранции на бунтовниците.

Американскиот претседател Доналд Трамп во септември ги прекина преговорите кои беа близу до договор, по нападот за кој талибанците преземаа одговорност и во кој загинаа 12 лица, вклучувајќи еден американски војник.

Преговорите подоцна се продолжени, а повторно се прекинат овој месец по талибанскиот напад на болница во близина на американската база Баграм, северно од Кабул.

Најмалку 20 американски војници се убиени во Авганистан во 2019 година, што е најтешка година по бројот на американски жртви во оваа земја од 2014 година, кога САД официјално престанаа со воени мисии.

Повеќе од 2.400 Американци загинаа во Авганистан откако коалицијата предводена од САД ги урна талибанците од власт на крајот на 2001 година, по терористичките напади во САД на 11 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот