Нова многу заразна мутација на коронавирус откриен кај деца во Италија

Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина од Клиничката болница „Жан Митрев“ почна со секвенционирање на SARS-CoV-2 примероци со цел утврдување на можно присуство на мутирани соеви од овој вирус кај македонски пациенти. Фото-pixabay

Експертите во детската болница во Трст, „Бурло Гарофоло“, откриле нова мутација на ковид-19 кај две заразени девојчиња, пишува агенцијата „АднКронос“.

Студија спроведена во соработка со Универзитетот во Милано потврди дека станува збор за многу заразен, агресивен мутант.

Според објавените резултати од истражувањето, мутираната варијанта на вирусот предизвикала повторна инфекција кај неколку возрасни лица кои веќе биле заразени.

„Најзагрижувачи е тоа што постои можност е дека мутациите на вирусот можат да го намалат имунитетот создаден кај луѓе кои биле заразени, како и да ја поништат или намалат отпорноста на коронавирусот стекнат со вакцинација“, рече професорката Манола Комар, микробиолог од Универзитетот во Трст, кој ја водеше студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот