Нова книга: „Маркации на новиот театар“ од Тодор Кузманов

Познатиот театарски критичар Тодор Кузманов ја објави својата нова книга „Маркации на новиот театар“, како еден вид осврт, или попрво, приказ на три значајни труда од водечки европски театролози. Тоа се „Постдрамскиот театар“ од Ханс Тис Леман, „Естетиката на перформативната уметност“ од Ерика Фишер Лихте и „Аристотел – вампир на западниот театар“ од Флоранс Дипон.

– Од причини што во последно време (во последните две-три децении) сè пофреквентни поими и термини, кога станува збор за театарската уметност, се постдрамскиот театар и естетиката на перформативната уметност, сметав дека е упатна појавата на една ваква книга, што ќе фрли нешто поголема светлина на новите струења и појави во сценската уметност.

Всушност, ова е обид за квинтесенција на споменатите дела во форма и на начин што би биле прифатливи за што е можно поширок круг на читатели. За некои, се разбира, тоа ќе биде и поттик и мотивација за посегнување по оригиналните дела, а во една најопшта смисла – корисно четиво за разбирање на новиот театар или театарот на денешницата, истакнува Кузманов.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 24, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 28-29 март 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот