Нова книга: Лирскиот јазик на математиката во „Математичка поезија“ на Даниела Андоновска-Трајковска

Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) ја објави поетската книга „Математичка поезија“ на Даниела Андоновска-Трајковска. Станува збор за поезија во која се споени јазикот на математиката и јазикот на поезијата. Книгата е нешто ново во македонската современа поезија. Поетесата Даниела Андоновска-Трајковска создала лирски јазик во јазикот на математиката.

Со еден сосема оригинален манир на поетската анимација таа зборува за животот со сите свои парадокси. Нејзиниот израз е стегнат и поливалентен, бидејќи таа гради бескрајна приказна во стихот. Таа никогаш не ја покажува страната во која е содржано премолченото, страната со зборовите што ни лебдат над глава како облачиња над дробната црта или над куќата без гласни жици, но затоа, пак, одеднаш ни кажува за сите нешта кои не сакаме да ни ги одземат.

Даниела Андоновска-Трајковска (1979, Битола) е поет, прозаист, уредник на списанија, книжевен критичар, промотор на книжевни дела, доктор на науки и редовен професор по методика од областа на јазикот и литературата на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Преведена е на повеќе светски јазици и добитник на неколку книжевни награди, како „Празник на липите“ (2018), „Крсте Чачански“ за проза (2019) и „Ацо Караманов“ (2019).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 59, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот