НОВА ИНТЕРНЕТ ИЗМАМА: Доколку ви стигне ваква порака на Вајбер, ВЕДНАШ ПРИЈАВЕТЕ

Доколку некој проба да ве измами, блокирајте го, а „принтскрин“ можете да пратите на Вајбер, за тие да знаат за тоа и да ги предупредат и другите корисници.

Овие денови ширум светот, на мобилните телефони на корисниците на апликацијата Вајбер стига невообичаена порака.

Наводно, корисници добиле порака од „сомнително потекло“ од бројот +79183301602 во која се наведува дека баш тие се среќни добитници на „интернационален вајбер награден фонд“.

Во пораката се наведува дека наградата е 500.000 американски долари, а за да ги примите парите морате да пратите меил побарување, а со тоа и додатни информации, што директно наведува дека ќе ги оставите своите податоци и меил адресата на некого, а со тоа и да му овозможите да ги злоупотреби.

Како и секогаш, станува збор за уште една интернет измама од која треба да внимавате, а совет е на ваквите пораки никогаш да не се одговара и лозинките за пристап на електронската пошта редовно да се ажурираат. Ваквиот вид на пораки главно имаат за цел да крадат лични податоци и да преземат контрола над електронската пошта на жртвата.

Така да, доколку на Вајбер ви стигне порака со ваква содржина, не дозволувајте да бидете измамени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот