Фото: Александар Божовиќ / Google Maps

Нова блокада на „Евзони“, вечерва нема поминување

Сообраќајот на граничниот премин „Евзони“-„Богородица“ од 19 часот е во целосен прекин за сите видови возила поради нова блокада на грчките земјоделци, соопшти АМСМ.

На останатите државни патишта во земјава сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози.

АМСМ потсетува дека од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови, која ќе важи до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за појава на одрони. Ова особено важи за делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот