Нов случај на смртоносниот МЕРС во Абу Даби

Камилите се опасен потенцијален извор на случаите на МЕРС кај луѓе - Фотографија Profimedia

Дваесет и осумгодишен маж во емиратот Абу Даби е позитивен на Блискоисточен респираторен синдром коронавирус (МЕРС), но смртоносниот вирус не е регистриран кај луѓето со кои бил во контакт во критичниот период, пренесува „Ројтерс“.

Светската здравствена организација објави дека мажот од градот Ал Аин, на границата со Оман, бил примен во болница во почетокот на јули. СЗО не објаснува во каква ситуација е пациентот, но додава дека биле испитани сите 108 луѓе со кои бил во контакт пред да биде згрижен во изолација. Пациентот немал контакт со камили, за кои се знае дека го пренесуваат вирусот МЕРС.

Симптомите на МЕРС-КоВ се треска, кашлање и губење здив, често и пневмонија. Од првооткриениот случај во 2012 година, забележани се 2.605 случаи, од кои 936 завршиле фатално. Синдромот е регистриран во 27 земји. Најмногу случаи имало во Саудиска Арабија и во блискоисточните земји, но и во Јужна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот