Нов разорен земјотрес во Турција

Земјотрес Турција/ Фото: Depo Photos/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Околу 11.24 часот Турција ја погоди нов разорен земјотрес со силина од 7,7 степени по Рихтер откако, по првичниот, кој усмрти стотици луѓе и предизвика се уште немерливи материјални штети, земјата ја потресуваа над 40 последователни удари.

Стравувајќи од нови потреси, луѓето во неколку турски градови се кријат во своите автомобили

Турскиот претседател Реџеп Ердоган пред последниот голем удар, изјави дека само во Турција во земјотресот загинале 912 лица, а повредени се 5.383. Тој додаде дека не може да предвиди колку ќе се зголеми бројот на загинатите додека траат напорите за пребарување и спасување.

Експерт пред три дена го предвидел земјотресот во Турција и Сирија

Во меѓувреме македонското МНР објави телефонски линии за македонските државјани и најави помош за Турција.

ВИДЕО | Над 300 мртви во ужасниот земјотрес во Турција и Сирија

ВИДЕО | Пистата на аеродромот во Хатај буквално преполовена по страшниот земјотрес

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот