МНР најави помош за Турција

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот официјален Фејсбук-профил информираше дека утрово испратил пораки со сочувство до турскиот колега Мевљут Чавушоглу до Турција и турскиот народ и понудил помош таму каде што ќе биде потреба, за што веќе се прават подготовки во земјава.
Утрово испратив пораки со сочувство до Турција и турскиот народ, преку мојот колега Мевљут Чавушоглу, во кој ја понудив и нашата помош каде што ќе биде потребна, за што веќе се прават подготовки во земјава. Со Турција имаме блиско и долгорочно партнерство кое почива на длабоката поврзаност на народите на двете земји. Нашите мисли се со нашите пријатели, браќа и сестри од Турција, и ние ќе сториме сѐ што е во наша можност за да им се најдеме на пријателите во оваа неволја, порача Османи.
Утрово помош понудија и земјите од регионот.
Стравувајќи од нови потреси, луѓето во неколку турски градови се кријат во своите автомобили