Фото: ФФМ

Нов пораз за момците на Станиќ, Полска победи во Битола

Македонската фудбалсска репрезентација до 21 година денеска го претрпе и третиот пораз во низа во квалификациите за ЕП откако во Битола Полска славеше победа со 1-0.

Полска беше подобра во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено славеше победа резултатот го отвори Кокоба кој погоди по асистенцијата на Драча во 33. минута.

Не се промени многу сликата и во вториот дел во кој Полјаците продолжија да бидат подобар ривал и сигурно да го чуваат водството.

По седум кола Македонија е претпоследна на табелата со само три бода од единствената победа над Ерменија, а во следното коло кое ќе се игра во март наредната година ќе гостуваме на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот