Нов парк во Радишани со плоштад, детско игралиште и зеленило
На површина од 10 илјади метри квадратни е изграден нов парк во населеното место Радишани, каде е поставена урбана опрема, ново лед осветлување и ново детско катче.
Препорачано
Со ова, според градоначалникот Дарко Костовски е реализирано повеќедецениското барање на жителите од Радишани.
Во рамките на паркот, на дел од површината, односно на 4 илјади квадрати е изграден плоштад и пешачки патеки, додека остатокот е зеленило.
Целиот парк е осветлен со модерно лед осветлување. Паркот има и голема површина на зеленило кое се протега на 6.000 метри квадратни за сето ова убаво да изгледа. Поставен е и посебен систем за наводнување. Вкупна вредност на проектот е 19.993.529 денари. Моите сограѓани го добија тоа што го чекаа со децении. Убеден сум дека ова ќе биде ново централно место во населба Радишани на кое сите ќе се собираме и ќе се дружиме – вели Костовски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


