Нов напад на руските сили – гранатиран Харков, загинаа тројца цивили

Уништена зграда од руското гранатирање на Харков/Фото: EPA-EFE/VASILIY ZHLOBSKY

При руски напад врз Харков загинаа тројца цивили, еден ден по нападот врз Краматорск, кога беше погоден ресторан при што загинаа десетмина, а повеќе од 60 лица беа повредени.

За жал, во ова гранатирање тројца цивили загинаа во селото Вовчански Хутори во близина на нивните куќи, напиша гувернерот на Харков, Олех Синехубов на Телеграм.

Жртвите се мажи на возраст од 45, 48 и 57 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот