Нов музички фестивал ќе се одржи во Градски парк како пркос на скопската ентропија

Плакат за фестивалот „Сепак се врти“

Колективот „Гола Планина“ на 3 март, со почеток во 12 часот, во Градскиот парк во Скопје, на локацијата наречена „Лепеза“, ќе го одржи првото издание на „Сепак се врти“, потполно независен DIY (Do It Yourself) фестивал, кој му пркоси на зачмаеното стоење во место со музика и другарство.

– Додека градот се дави во сопствената статика, овој фестивал е тука да докаже дека светот не се врти околу скопската ентропија – потенцираат од „Гола Планина“.

Присуството е бесплатно, но можете да го поддржите фестивалот со тоа што ќе си купите „карта-стикер“ однапред во „Котур“, „Олд скул“, „Микропаб“, „Буква“, како и со донации на самиот настан. На целодневниот фестивал ќе може да се купи и „мерч“ од сите бендови кои ќе настапат, а и од другите бендови што се дел од колективот „Гола Планина“.

На првото издание на „Сепак се врти“ ќе настапат АТА, „Црно Собрание“, „Conspiracy“, „Ендемски Вид“, Јоана Ристеска, „Кокиче“, „Кенопсија“, КЕМ, „Lost in Reverie“, Огнен Златанов, „Peach Vice“ и „Vagina Corporation“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот