Носете маски и ракавици кога го користите јавниот автобуски превоз

Градот Скопје апелира граѓаните одговорно да се однесуваат додека се во автобус.

Градските власти им препорачуваат на корисниците на јавниот автобуски превоз да користат средства за лична заштита – маски и ракавици.

Град Скопје ги потсетува граѓаните дека сите возила на ЈСП Скопје се подложуваат на дополнителен третман за дезинфекција, уште од пред две недели. Секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од мерките за заштита од коронавирусот.

Градот Скопје апелира до граѓаните одговорно да се однесуваат додека се во автобус, а своите отпадоци да ги зачуваат и да ги одложат во најблиската корпа за отпадоци, по излегувањето од автобусот.

Овие препораки имаат цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот