Нормализиран железничкиот сообраќај на Коридорот 10 

Железничкиот сообраќај на Коридорот 10 на релација Скопје – Куманово (Табановци) во двете насоки е нормализиран, информираат од ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија.

-Екипите на ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија по остранувањето на вагоните беа максимално мобилизирани и работеа до утринските часови со што во целост ја санираа пругата и ја оспособија за нормално одвивање на железничкиот сообраќај, се вели во соопштението од ова јавно претпријатие.

Оттаму додаваат дека со ова е овозможено непречено одвивање на железничкиот сообраќај на Коридорот 10, односно на релација Скопје – Куманово (Табановци) во двете насоки.

Железничкиот сообраќај на оваа делница беше во прекин поради несреќа што се случи изутрината околу 2 часот на 3 јули, кога товарниот воз се излизга од шините. Немаше повредени лица, а причинета беше материјална штета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот