Номинација за адвокат со кубанско потекло: Алехандро Мајоркас ќе биде нов шеф за внатрешна безбедност на САД

Фото: twitter

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го номинираше Алехандро Мајоркас, адвокат со кубанско потекло, за американски секретар за внатрешна безбедност, соопшти тимот на Бајден.

На Мајоркас, кој е поранешен јавен обвинител во Калифорнија и заменик-министер за внатрешна безбедност на САД во администрацијата на Барак Обама, му е доверено Министерството за внатрешна безбедност и се очекува да ја смени строгата имиграциска политика на Трамп.

Министерството за внатрешна безбедност е основано по терористичките напади на 11 септември во 2001 година, управува со крајбрежната стража и со тајната служба, вработува околу 240.000 луѓе и одговорно е за безбедноста на границата, имиграциската контрола и сајбер безбедноста, природни катастрофи и обезбедување на помош за ранливите категории.

Мајоркас, кој сега има 61 година, е роден во Хавана, но со семејството побегнал од режимот на Кастро во САД кога имал една година, прво во Флорида, а потоа во Калифорнија.

– Соединетите Американски Држави ми дадоа на мене и на моето семејство место за живеење и засолниште. Денес сум номиниран да ги заштитам сите Американци и оние кои емигрираат во Америка барајќи подобар живот за себе и за своите најблиски, напиша Мајоркас на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот